Шефот на ЕЦБ бара да не се намалува буџетската дисциплина во име на растот

Од:

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги побара членките на ЕУ да не ја намалуваат буџетската дисциплина во обид да го стимулираат економски раст, јави ДПА.

– Сегашните правила се веќе доволно флексибилни, истакна Драги во своето обраќање на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Драги нагласи дека од долгови се излегува со генерирање на економски раст, а не со трошење и создавање нови долгови.

Преземените мерки досега даваат импулс за раст во следните две години, истакна шефот на ЕЦБ.

Истовремено, Драги предупреди дека ако започнатите реформи не бидат целосно спроведени, тоа може да му наштети на економското заздравување.

Структурните реформи се клучни за стимулирање на економијата, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас

Ана Ололовска

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска

Анкета на Европската централна банка: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната во 2022 година

А1он