Шефицата на СТО ги повика земјите да ги укинат трговските бариери кои ги воведоа во пандемијата

Од:

Директоротката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, денеска изјави дека се во пораст трговските бариери поставени поради Ковид-19 и побара од државите да ги укинат.

– Неопходно е да се отстранат овие ограничувачки мерки за да можат медицинските материјали, стоки и вакцините да се движат побрзо, рече Окоњо-Ивеала.

– Трендот оди во погрешна насока, рече Оконџо-Ивеала на виртуелниот форум на Обединетите нации, посочувајќи на пречките за трговија со стоки поврзани со пандемијата. Според неа, на почетокот на пандемијата минатата година имало 109 забрани, потоа тие паднале на 51, но повторно се зголемени на 53.

Една таква мерка е шемата на Европската унија за извоз на вакцини против Ковид-19, која треба да истече на 30 јуни. Окоњо-Ивеала претходно изјави дека е „разочарана“ од шемата, иако Комисијата рече дека таа е насочена, пропорционална и привремена.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани