Секој вработен во „Икеа“ ќе добие по 3.000 евра бонус

Од:

Шведскиот гигант за мебел „Икеа“ ќе ми подели на сите вработени со цело работно време по 27.000 круни (нешто помалку од 3.000 евра) во рамки на својата годишна бонус-програма.

Вишокот плата во форма на бонус ќе биде наменет за засилување на пензиите на вработените, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

„Икеа“ вкупно ќе одвои 100 милиони евра за споменатата програма во 2014 година. Со оваа сума ќе бидат опфатени сите земји каде што оваа шведска компанија има своја дејност, се наведува во прес-соопштението што денеска го објави „Икеа“.

Сумата од 3.000 евра годишен бонус се однесува само на вработените во Шведска, при што сите оние кои работеле повеќе од пет години, ќе добијат ист бонус без оглед на висината на нивната плата или позицијата што ја имаат во компанијата.

Исплатата на средствата ќе се случи кога вработениот ќе замине во пензија.

Бонус-програмата на „Икеа“ е наречена „Благодарам!“ и започна да се реализира лани кога компанијата првпат одвои еднократна сума за вработените во висина од 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме