Се скенира состојбата на ски центарот Попова Шапка

Од:

Јавно-приватно партнерство е една од опциите за подобро функционирање на ски центарот Попова Шапка, но пред да се одлучиме мора да имаме детални информации за моменталната состојба на ски центарот, што е во надлежност на ЕЛЕМ Турс, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

-Како Министерство за економија, надлежно за туризмот, многу сме заинтересирани ски центарот Попова Шапка да биде функционален и од зголемувањето на бројот на туристи придобивки да имаат државата и Општина Тетово. Во владата веќе формиравме работна група што моментално детално работи да види во каква состојба е ски центарот, вклучувајќи ги и хотелите, што не се во функција, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница