Светската банка на Србија ќе и одобри кредит од 200 милиони долари, доколку буџетот за 2014 година биде донесен на време и доколку продолжат со фискалната консолидација.
-Со исполнување на критериумите Србија би добила и дополнителни 50 милиони долари, изјави шефот на канцеларијата на Светската банка во Србија, Тони Верхеијен.
Верхеијен за „Политика“ нагласи дека минатата недела се сретнале со потпретседателот на српската влада, Александар Вучиќ и идниот министер за финансии Лазар Крстиќ при што разговарале за овие прашања.
-Мора да видиме дали владата ќе продолжи да го спроведува акцискиот план кој се занимава со претпријатија кои што се реконстурираат, како и дали за вработените ќе бидат предвидени отпремнини во буџетот за 2014 година-истакна тој.
Верхеијен исто така додал дека поради тоа што Србија нема аранжман со ММФ, Светската банка мора да направи сопствена проценка за фискалната и макроекономската ситуација.
Елена Георгиевска