СДСМ: За само 2,5 години просечната плата во здравството зголемена за 4.700 денари

Од:

„СДСМ како одговорна партија е посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повиоки плати и подобри услови за работа на здравствените работници.

Просечната плата во здравството денес изнесува 29.763 денари. Тоа е за над 4.700 денари повеќе во однос на мај 2017 кога таа изнесувала безмалку 25.000 денари.

За споредба, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во здравството за седум години пораснала само за нешто помалку од 3.200 денари“, велат од СДСМ.

„Растот на просечната плата во здравството од над 4.700 денари за само две и пол години покажува дека сме на прав пат.

Со таквото зголемување на платите ги мотивираме медицинските работници да останат во јавното здравство, а граѓаните да добијат поквалитетна здравствена грижа.

Во рамките на мерките за подобрување на здравствениот систем е и зголемувањето на бодот за капитација на матичните лекари, стоматолози и гинеколози како и зголемените коефициенти за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа.

Остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и поквалитетна здравствена заштита.

Платите во здравството ќе продолжат да растат, бидејќи здравјето на граѓаните е наш приоритет“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он