СДСМ: Стапуваат на сила мерките за штедење на струја, одговорност во време на криза

Од:

Во пресрет на прогнозираната тешка зима во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, започнуваат мерките за штедење на електрична енергија во државните институции.Со мерките кои ќе важат до 31 март наредната година, потрошувачката на струја во институциите ќе се намали за 15 отсто, со што се очекува заштеда на електрична енергија од 19,5 милиони киловат-часови за шест месеци, се вели во соопштението од СДСМ.

„Мерките предвидуваат исклучување на декоративното осветлување на фасадите, уредите за ладење да се постават не пониско од 27 степени, а за греење не повеќе од 20 степени. Светлата и компјутерите задолжително ќе се исклучуваат по завршување на работата, осветлувањето на јавните патишта ќе се намали до минимален сигурносен обем.

Во време на криза неопходно е одговорно однесување и рационално трошење на струјата. Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни политики ја одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално го зголеми производството на електрична енергија и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните.

Домаќинствата за сметките за струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата.Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година.

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард и полесно справување на граѓаните и економијата со последиците од глобалната економска и енергетска криза“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он