СДСМ: Само во мандатот на Ковачевски инсталирани се 27 мегавати фотонапонски централи

Од:

„Во изминатите 10 месеци, само за овој краток период од мандатот на Димитар Ковачевски инсталирани се 27 мегавати фотонапонски централи во земјава. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години“, велат од СДСМ.

„За 10 месеци Ковачевски направи повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт. Еден од тие капацитети е електраната Осломеј. Со инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати, сопственост на ЕСМ, на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“.

Енергетската транзиција на државата е во полн ек.

Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“).

Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани.

Тоа значи одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката.

Иднина во производството на електрична енергија Ковачевски ја гледа и на тоа интензивно работи токму во обновливите извори на енергија а резултатите се веќе видливи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Костoва: СДСМ ги осудува провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто му дозволуваше да краде

(ВИДЕО) Кузеска: Христовски нема сертификат од НАТО, уште една лага на власта

А1он

СДСМ: Го поздравуваме непотпишувањето на указот за Законот за заштита на децата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат