СДСМ: Раст на индустриското производство и на странските инвестиции

Од:

„Економските реформи и мерки на Владата предводена од СДСМ даваат реални и добри резултати, економијата се движи во добар правец, растат платите и извозот, се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, растот на индустриско производство во декември 2018 година во однос на декември 2017, изнесува 7.9 отсто.

Покрај индустриското производство, раст бележат и странските инвестиции. Од почетокот на мандатот на Владата предводена од СДСМ до денес, во фаза на реализација се 17 нови странски инвестиции, а расте и извозот од индустриските зони кој во 2018 година пораснал за 20 отсто и изнесува 2,4 милјарди евра.

Ова се само дел од податоците што ја покажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ која продолжува да работи на спроведување на мерките што обебзедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса