СДСM: Продолжува реализација на капитални локални проекти, обезбедени два милиони евра за реконструкција на Универзална сала

Од:

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, покрај помош и поддршка за граѓаните, економијата и здравствениот систем во борбата со коронакризата, обезбеди можност за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини низ државата“, велат од СДСМ.

„Со 120 милиони денари или близу два милиони евра, целосно ќе биде обновена Универзалната сала, омилениот културен објект на генерации скопјани, кој го враќаме на граѓаните, музичарите и уметниците.

Со реконструкцијата, салата ќе го задржи постојниот внатрешен и надворешен изглед, како и својот архитектонски стил и автентичност.

СДСМ како одговорна партија и во време на сериозна светска економска криза, обезбедува сериозни капитални инвестиции, за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ