СДСМ: Зелена нафта и повеќе пари кај земјоделците

Од:

„Предлог Буџетот за 2019 година предложен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството.

Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделите.

Над 6,6 милијарди денари земјоделците добиваат за целосна, навремена и неселективна исплата на субвнециите.

За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку парите за оваа година.

За наредната година, земјоделците добиваат 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.

Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и ветената мерка „зелена нафта“ односно поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, што ќе ги намали трошоците за производство.

Ова се само дел од мерките преку кои ќе се обезбедат повеќе пари и поддршка за земјоделците, сигурен пласман и унапредување на земјоделството“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати