СДСМ: По намалување на извршителските и нотарските трошоци се отвора и можност за бришење на стари долгови на 200.000 граѓани

Од:

„Со низа на мерки на Владата предводена од СДСМ во семејните буџети се слеваат повеќе пари.

Намалување на извршителските и нотарските трошоци од 50 до 90%, отписот на камати на стари долгови за електрична енергија, топлинска енергија, намалувањето на казните за 70% за физички лица и намалување за 60% на казните за фирмите се дел од мерките.

Како што објави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, остварен е напредок во преговорите на Владата со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја настанати до 2006 година.

Постои волја за решавање на овој проблем, со што се отвора можност за бришење на стари долгови за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринти со проблеми од извршители и блокирани сметки.

Очекувањата се дека по постигнување на конечен договор со овие компании, ќе може да се избришат долгови од 110 милиони евра, пари што на овој начин ќе останат кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките и проектите што го олеснуваат животот, ги намалуваат трошоците, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС многу се исплашени поради борбата против криминалот

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

(ВИДЕО) Филипче: Историски се задолжуваме за шест милијарди евра, Владата крие детали

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ