СДСМ: ПИОМ е пред банкрот, одговорност за грабежот на приватните пензиски фондови

Од:

„Пред заминување, Никола Груевски сака да зборува за пензиите ама во септември 2016 година кога тој не само што нема да биде премиер туку ќе се соочи и со одговорноста за целокупниот криминал на фамилијата во изминатите 10 години.

Во моментов, половина од пензиите во Македонија се исплаќаат на товар на Буџетот затоа што фондот на ПИОМ е пред банкрот а за исплата на пензиите секоја недела Груевски и Ставрески постојано и постојано ги задолжуваат граѓаните со нови долгови.

Дополнително, лошата состојба е надградена и проширена со невиден грабеж на приватните пензиски фондови, и тоа со знаење на Груевски и Ставрески, што е кривично дело.

За ова кривично дело, директорите на ПИОМ и МАПАС, но и кумот Ставрески, ќе се соочат со кривична одговорност од стоитици илјади осигуреници од приватните фондови доколку Јавното обвинителство не реагира“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он