„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за поврат на дел од платеното ДДВ на граѓаните.
Веќе од идната недела започнува реализација на оваа значајна мерка, граѓаните за првпат од државата ќе добиваат 15 отсто од платеното ДДВ“, соопштуваат од СДСМ.
„Со тоа секое семејство на крајот на годината ќе добие дополнителен приход, годишно кај граѓаните ќе се враќаат околу 50 милиони евра. Обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.