СДСМ: Нови мерки за намалување на цените на соковите, пијалоците, овошјето и зеленчукот

Од:

СДСМ како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и нивниот стандард, продолжува со мерките за намалување на цените на прехранбените производи. Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода и пивото. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените, кои се применувале на 19 септември 2023 година, а во трговијата на големо, се намалуваат за 10 отсто, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Цената на овошјето и зеленчукот се намалува за околу 30 отсто, со мерката за утврдување на највисока маржа за трговците на големо од 10 отсто и за трговците на мало на 15 отсто. Следува намалување на увозните давачки за свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%. Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава. Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети. СДСМ со мерките за намалување на цените го штити стандардот на граѓаните и ја стабилизира инфлацијата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

(ВИДЕО) СДСМ: Неколку милиони евра е направен грабеж врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски

СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски

СДСМ нуди државна стратегија за долгорочен развој на земјата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

Филипче од Битола: СДСМ веќе е крената на нозе