СДСМ: Новата Влада ќе спроведува одговорни економски политики што ќе придонесат кон економски раст

Од:

„За неколку дена ќе се формира новата реформска Влада на Р.Мaкедонија и со брзо темпо ќе отпочне спроведувањето на вистинските реформи за подигнување на економијата коишто ќе значат квалитетен живот на граѓаните.

Денеска, дури и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски раст на 2.5% ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт коишто ја уништуваат економијата.

Новите економски политики на реформската Влада ќе започнат да се спроведуваат набргу и преку низа мерки, меѓу кои и зголемувањето на минималната плата како и поддршка на стопанството ќе започне заздравувањето на уништената економија.

Политичката криза во Македонија завршува, граѓаните набргу ќе добијат нова и одговорна Влада којашто ќе спроведува одговорни економски политики кои ќе придонесат кон економски раст од кој бенефит ќе почуствуваат сите и граѓаните и стопанството.“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Николовски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

Предраг Петровиќ

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ