СДСМ: Ние ја започнавме и ја изградивме браната „Конско“, значаен капитален објект

Од:

СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, значаен капитален проект, важен за македонското земјоделство, за развој на севкупната економија, што ќе придонесе за зголемување не само на производството, туку и на извозот на земјоделски производи и храна. Оваа брана е најголемата инвестиција во водостопанската инфраструктура за земјоделство, значајна за наводнување на земјоделските површини во гевгелиско-валандовскиот регион како и за зголемено, квалитетно и конкурентно земјоделско производство, велат од СДСМ.

– Со браната Конско, се става крај на еден децениски предизвик, со што се отвора можноста за забрзан регионален развој на југоисточниот дел од државата. Вредноста на инвестицијата за браната Конско е 40 милиони евра, сума која што е целосно обезбедена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со оваа брана се овозможува наводнување на нови 4.000 хектари нето земјоделски површини. Нашата држава има идеални климатски почвени услови за развој на земјоделството, вредни земјоделци и тие заслужуваат во државата да се инвестира токму во вакви проекти. Тоа во комбинација со развојните мерки е предуслов за развој на земјоделството, за претворање на оваа стопанска гранка во профитабилна и развојна компонента на економијата. Цел на СДСМ е развиено земјоделство по европски стандарди, со европски субвенции кое им носи профит и е сигурен извор на егзистенција земјоделците – наглсауваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Костадинова: Капиталните проекти како браната Конско се инвестиција за иднината, барокот е враќање во минатото,

Завршена изградбата на браната „Конско“

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска