СДСМ дебатира во собраниската сала, но не поднела амандмани и нема да гласа за ребаланс на буџетот, бидејќи според партијата, тоа се прави спротивно на Деловникот на Собранието и Уставот на Македонија, а буџетот за 2013-та година е донесен противзаконски.
Предложениот ребаланс предвидува додавање 1,34 милјарда денари на сметка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и 430 милиони денари во МОН за опремување лабаратории.
Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов изрази надеж дека полицијата нема да ја прекине расправата за предлогот за ребалансот, како што беше случај со донесувањето на буџетот минатата година, кога се случија настаните од 24 декември.
Тој го праша министерот Ставрески зошто Владата сега се решила да предложи ребаланс, а не го направи тоа во 2012-та година, кога буџетскиот дефицит од 2,5% го зголемила на 3,9% и зошто избегала од контролата на Собранието, па сами решиле да го продлабочат буџетскиот дефицит.
– Ребалансот на буџетот од 2013-та година е нереален, задоцнет и претставува ребаланс на нови долгови, со кој повторно се краде иднината на Македонија. За три години, од 2012- 2014 година, ќе потрошите повеќе од 900 милиони евра отколку што ќе заработи македонската економија и ќе создадете нов нето долг. Можете ли да ги оправдате вашите политики го огромните задолжувања? Владата живее од денес за утре и не може да дише без кредит, како болен кој мора да прима кредити како инфузија за да може да преживее. Во фискалната стратегија по препорака на НБРМ и ММФ, се вели дека треба да се намали дефицитот, а Владата предвидува ист дефицит. Народно кажано, тоа се пари кои Владата ќе ги потроши, а ги нема во буџетот – изјави Николов.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, бранејќи го ребалансот на буџетот изјави дека Македонија има просечен економски годишен раст од 3,4%, а остварениот раст произлегува од повеќе сектори. Тој ги повика пратениците од редовите на СДСМ да гласаат за ребалансот за буџетот, бидејќи предвидува зголемување на пари за Фондот и МОН. Тој рече дека и покрај црните сценарија на опозицијата, Македонија не го доживеа предвидените црни сценарија на Грција и Шпанија. Тој побара од опозицијата да изнесува конкретни бројки, а не празни аргументи во нивните излагања.
– Предлагаме мал ребаланс на буџет, за ставката за Фондот за ПИОМ поради повисоки расходи предизвикани од индексација на разликата меѓу платите и пензии и зголемениот број на пензионери, а кај Министерството за образвоание и наука, за покривање инвестиција за опремување нови лаборатории. Инаку, досегашните остварувањата во економијата беа подобри од очекувањата. Македонија е подобра од некои земји од Европа, во услови на криза имаме раст на странски директни инвестиции и намалување на невработеноста. Со успешно донесениот буџет од 2013-та година, пензионерите редовно ги добиваат пензиите и социјалната помош и субвенциите во земјоделието – изјави Ставрески.
Според министерот за финансии, Македонија има најниска невработеност од осамостојувањето до денес, односно 28%, зголемен е увозот, но и извозот како резултат на, како што рече, политиката на Владата за привлекување на странски директни инвестиции, кои работат во слободните економски зони и станале лидери во извозот. Во однос на пензискиот систем, Ставрески напомена дека Владата ќе обезбеди ново 5% покачување на пензиите од март наредната година, а досегашната исплата на пензиите, социјалната помош и субвенциите на земјоделците се исплатени без проблем.
Преку реплика, Марјанчо Николов му одговори дека е предвидена корекција на пензиите секоја година за 3%, со што реалното покачување претставува само за 2%. Спред Николов, состојбата во пензискиот фонд е алармантна.
Скратете го трошењето на стоки и услуги и други непродуктивни трошоци. Ќе има ли мора ли секој месец да се издаваат хартии од вредност во вредност од 50 милиони за исплаќање на пензии? Водите кампања во Македонија колку е убаво зголемување на пензиите, а тие пари се кредити. Вашата фискална политика е уништување на иднината на Македонија. Ова е уште една епизода од серијата земај кредит и преживеј – изјави Николов.
Арамиски донесен буџет, уште по арамиски буџет и нема да помогнеме за згоелмување на стандардот на граѓаните. кои не поднеле завршна сметка на фирмите имаат казна од 500 евра. зошто министерот не кажа до септември месец не поднесе и завршна сметка за буџетот од 2012 и го испучитува законот како што го почитуваат сите. министерот кој насилно го донесе буџетот, ни бара бројки а 3 години по ред а тој истите ги презентира.
Пратеникот на СДСМ, Стојко Пауновски рече дека буџетот за 2-13-та е донесен на арамиски начин, а уште поарамиски се троши, при што се намалува стандардот на граѓаните. Според Пауновски, се казнуваат фирмите кои не поднеле завршна сметка до УЈП со 500 евра, а Владата се уште ја нема донесено завршната сметка за буџетот од 2012-та година.
– Нели законите треба да бидат еднакви за сите? Министерството за финансии треба да го почитува законот како и фирмите. Министерот Ставрески, кој насилно го донесе буџетот, бара од опозицијата да презентира бројки, а тој истите ројки ги покажува на јавноста 3 години откако сум тука – изјави Пауновски.
На излагањето на Пауновски, министерот му возврати дека опозицијата се залага пензионерите да имаат помалку пари и побара да ги остават да им го подобрат животниот стандард.
За Бекум Фазлуи од ДПА, над една милјардна евра се полни државниот буџет од Албанците, но при распределбата на парите, само мал дел отпаѓа на нив. Фазлиу го оцену ребалансот како „стар филм“, но и дека е повеќе антиалбански од претходно.
– Откако е на коалацијата ВРМО-ДПМНЕ – ДУИ, се намалија парите за имплементација на Охридскиот рамковен договор за 260 илјади евра. Исто така, за албанскиот татар има помалку пари, додека за МАНУ и Министерството за култура има пораст за 500 илјаи евра. Правејќи споредба со распределба на парите за финансирање на антиалбанскиот проект „Скопје 2014“, за Музејот на ВМРО – ДПМНЕ се доделени 35 пати повеќе средства за разлика од Музејот на албанската азбука – изјави Фазлиу.
Петар Клинчарски