СДСМ: Мицкоски нема познавање од енергетика, ЕСМ продава вишоци со што обезбедува приходи во буџетот за граѓаните

Од:

Христијан Мицкоски, најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ, советникот за енергетика на Груевски, повторно покажа дека нема познавање од енергетика. Мицкоски, во чие време струјата поскапе за 100 проценти и се купуваше по цена 3-4 пати повисока од пазарната, шири невистини, наведувајќи бројки што немаат врска со реалноста, и се обидува да ја манипулира јавноста велат од СДСМ.

– ЕСМ ги продава ноќните вишоци на електрична енергија транспарентно на аукција, по конкурентни цени диктирани од берза, а може да ги купи секоја заинтересирана компанија или институција. Токму со овие продажби ЕСМ обезбедува приход во буџетот за граѓаните. Граѓаните би биле оштетени ако вишоците не се продаваат, бидејќи во тој случај треба да се пуштат во системот без надомест. Ова Мицкоски како експерт по енергетика би требало да го знае, но тој останува на своите деструкции и кочи, блокира и одмага, наместо да им помогне на граѓаните и на државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

СДСМ: Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација

Меџити: Не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал

(ВИДЕО) СДСМ на Мицкоски му предаде документи за скандалот со вицепремиерот Меџити

Горан Наумовски

СДСМ на Мицкоски ќе му достави документи за работата на Меџити