СДСМ: Ковачевски успешно се справи во енергетската криза, извезуваме струја во јануари

Од:

„Државата успешно се справува со енергетската криза благодарение на навремените и ефикасни мерки на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски. Она што беше ветено во септември се испорачува во текот на сите месеци кои се зад нас и во текот на овој месец. Обезбедена е сигурна испорака на електрична енергија за сите, како и ценовна стабилност на струјата“, велат од СДСМ.

„Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.

Никој не претпоставуваше дека државата ќе продава вишоци на електрична енергија во најкритичниот месец – јануари, но тоа се оствари.

Истовремено цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките и посветена работа за менаџирање со последиците на најголемата глобална енергетска криза“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ