СДСМ: Ќе има реален пад на невработеноста и одговорност за сите злоупотреби на парите на граѓаните!

Од:

„Транспарентноста и отчетноста во водењето на државата се нови вредности со кои владее и ги воспоставува новата Влада предводена од СДСМ кои за ВМРО-ДПМНЕ се непозната категорија

Граѓаните ќе дознаат и ќе видат какви злопутреби се правени и за каков луксуз се трошени нивните пари во изминатите 11 години што предизвика 500.000 граѓани, заради таквото расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, да живеат под прагот на сиромаштијата.

За сите злоупотреби на парите на граѓаните ќе следува одговорност!

Тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски. Украдените пари ќе се враќаат во Буџетот и тоа е еден од начините како ќе се зајакнува економијата и како ќе се отвораат реални работни мести!

Заврши времето кога иселувањето на младите, бришењето на невработените од евиденција, и нарачани бројки од контролирани институции ВМРО-ДПМНЕ можеше да го прикажува како намалување на невработеноста.

Новата реформска Влад предводена од СДСМ со својот капацитет, знаење и умешност, преку поддршка на домашните фирми и со одговорно менаџирање на државните ресурси, ќе обезбеди реален економски раст и вистински пад на невработеноста“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните