СДСМ: Ги унапредуваме работничките права, недела станува неработен ден

Од:

„Грижата и поддршката за работниците и унапредувањето на работничките права се приоритет на СДСМ и на институциите што ги предводи.

Со процесот на измени на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден, ден за одмор за најголем дел од работниците, СДСМ реализира уште едно ветување од Програмата и овозможува поголема социјална еднаквост и заштита и унапредување на работничките права“, велат СДСМ.

„Со навремената и ефикасна помош, преку четири пакети мерки, во време на кризата предизвикана со коронавирусот, Владата предводена од СДСМ спаси стотици илјади работни места во десетици илјади компании.

Ја зголемивме минималната плата од 9 на 14.500 денари, а просечната плата изминатите години континуирано расте, во ноември лани се зголемила за седум отсто во однос на просечната плата во истиот месец претходната година, односно за 1800 денари.

Поддршката за стопанството, за работниците и граѓаните продолжува и со петтиот пакет мерки, кој е во финална фаза.

СДСМ останува посветена на креирање и реализација на мерки и политики што го враќаат достоинството на работниците и обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени