СДСМ: Дали МЗШВ ќе ја демантира и Европската комисија?

Од:

„Крајно лошата состојба во која власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го доведоа водостопанството во Македонија е забележана и од страна на Европската комисија.

Во Извештајот, Комисијата изразува загриженост за состојбата со наводнувањето како доминантна дејност од секторот Водостопанство.

Дали Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја демантира и Европската комисија?

Фактите говорат дека системите за новоднување, кои се основна потреба за земјоделците во најголем дел се уништени а останатите објекти и хидросистеми се напуштени и заборавени.

Ваквата состојба резултира со постојано намалување на наводнуваните површини, во последните неколку години под 15 илјади хектари.

Затоа, апсолутно е потребно најпрво да се реконструираат постојните хидросистеми, оние што треба да се исчистат и да се одржуваат за да може системот за наводнување да биде функционален и од корист за земјоделците.

Катастрофалната состојба на системите за наводнување денес не може да се демантира со најави за инвестиции од следната година, притоа со десетгодишни рокови, до 2025 година.

Имајќи ја предвид состојбата во која ги доведе земјоделците не можат да и веруваат на владата на Никола Груевски“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Оваа власт не е влада за граѓаните – ова е власт што живее на грбот на народот

(ВИДЕО) Ристова: Цените на производите се зголемени, власта не презема ништо додека се гости со папаја

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?

Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ССМ се сега една иста организација, која не му мисли добро на македонскиот народ

(ВИДЕО) Колева од Струмица: Жените се движечка сила, денес поставуваме нови цели и правиме чекор напред