СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Од:

Новиот деветти пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза. Мерките опфаќаат околу 440.000 граѓани и се таргетирани кон социјално ранливите категории, пензионерите со ниски пензии, ученици, студенти, коишто доаѓаат од семејства со ниски приходи, земјоделците, приватниот сектор, јавниот сектор, велат од СДСМ.

„Во антикризниот пакет се предвидени 36 милиони евра за 187.000 пензионери со пониски пензии. Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец, почнувајќи од декември, тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари. Методологијата за усогласување на пензиите дава одлични резултати. Од септември 2022 година минималната пензија од 9.000 денари е зголемена на 13.200 денари, што е просечен раст од 25 отсто, односно 4.200 денари. СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он