Саудиска Арабија ќе гради рафинерија за нафта во Пакистан вредна 10 милијарди долари

Од:

Саудиска Арабија планира да изгради рафинерија за нафта од 10 милијарди долари во пристанишнот град Гвадар во Пакистан. Тоа го најави министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Калид бин Абдул Азиз ал-Фалих.

– Саудиска Арабија сака да го стабилизира пакистанскиот економски развој со изградба на рафинерија за нафта и партнерство со Пакистан во кинеско-пакистанскиот економски коридор, изјави за новинарите во Гвадар, ал Фалих.

Откако пакистанскиот премиер Имран Кан ја презеде функцијата, Исламабад обезбеди економска поддршка од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кина

Пакистан сака да привлече инвестиции и друга финансиска поддршка за справување со драстично зголемениот дефицит, делумно поради зголемувањето на цените на нафтата. Минатата година Саудиска Арабија му понуди на Пакистан пакет од шест милијарди долари, вклучително помош за финансирање на увозот на нафта.

Тој објави дека договорот ќе биде потпишан во февруари и дека Саудиска Арабија ќе инвестира и во други сектори.

Пекинг вети 60 милијарди долари за кинеско-пакистанскиот економски коридор, што вклучува изградба на централи, патишта, нови и модернизирани железнички пруги и пристаништа со поголем капацитет.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија