Сардич МЦ: При работењето на „Казандол“ нема да се користат опасни хемиски материи, рудникот нема да загадува

Од:

Компанијата која што треба да стопанисува со рударскиот комлекс „Казандол“, „Сардич МЦ ДООЕЛ Скопје“ порачува дека при работењето воопшто нема да се користат опасни хемиски материи, ниту арсен, ниту цијанид, ниту пак други отрови.

– Производствениот процес ќе се реализира со хидрометалуршка технологија за извлекување на металот во затворен безбеден циклус кој не дозволува никакви емисии во надворешна животна средина и е без загрозување на здравјето и безбедноста на луѓето, велат од компанијата.

Тие нагласуваат дека заштитата на животната средина е нивен врвен приоритет и тврдат дека со работењето на рудникот нема да се направат никакви негативни влијанија и последици врз животната средина. Од компанијата додаваат дека комплексот се реализира со целосно почитување на сите законски прописи и сите договорни обврски.

Од Сардич МЦ посочуваат дека рударскиот комплекс воопшто нема да има негативни влијанија ниту последици кон земјоделското производство и доадаваат дека се отворени за деабата и дискусија на сите теми со сите засегнати.

– Рударскиот комплекс Казандол нема да врши загадување, туку ќе донесе бенефит за Буџетот на Република Македонија, бенефит за буџетите на општините Валандово, Богданци и Дојран, позитивно ќе влијае на економскиот развој на регионот, ќе создаде нови работни места и ќе придонесе за развој и на други стопански гранки. Нашиот проект позитивно ќе делува во растот на БДП и во ниту еден сегмент нема негативно да делува на животната средина, порачуваат од Сардич МЦ ДООЕЛ Скопје.

Би можело да ве интересира

Напуштениот рудник „Казандол“ не ја загадува околината, велат државните инспектори

Жарко Настоски

Валандовскиот референдум за Казандол неуставен

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лазарова: Одлуката за раскинување на договорот за Казандол е од особен интерес за граѓаните

Ана Ололовска

ВИДЕО: Владата го раскина договорот за Казандол

Наум Локоски

Макрадули: Случајот со Казандол да не се политизира

Ана Ололовска

Концесионерот на „Казандол“ реагира дека не се исполнети законските и договорени услови за раскинување на договорот

Наум Локоски