Сарачини: Со владините мерки се зголемува конкурентноста на домашната економија

Од:

Македонија направи скок од седум места  во подобрување на конкурентноста на домашната економија во споредба на минатата година, покажа минатонеделниот извештај на Светскиот економски форум. Ова изјави министерот за економија Ваљон Сарачини на денешното доделување решенија за поддршка на деловните субјекти, додавајќи дека сега Македонија е пред Хрватска и Романија, кои се веќе членки на ЕУ.

– Министерството за економија останува во постојан дијалог со бизнис заедницата и секогаш кога имаме можности ние настојуваме да им помогнеме на компаниите кои навистина имаат потреба од една ваква помош. Годинава за поддршка на проектите на кластерските здружувања доделени се средства од 1.600.000 денари, за заеднички проекти за поврзување на кластерите со универзитетите за развој на иновативноста и развој на брендирани производи, за секторска извозна промоција, за организирање на тематски саеми и за развивање на стандарди за квалитет за прилагодување на барањата на пазарот на ЕУ, рече Сарачини и додаде дека поддршка за оваа намена добија вкупно шест кластери.

Кажа дека во областа на индустриската политика се одобрени вкупно 2.100.000 денари, од кои досега се искористени 1.200.000 денари, додека останатите 850.000 денари компаниите ќе можат да ги искористат до крајот на годината. Овие средства ќе бидат наменети за надоместување на дел на трошоците на деловните субјекти за развој на нов производ, или пак, за подобрување на постојниот производ и надоместување на дел на трошоците на деловните субјекти за развој на пазарот и истражувања на пазарот.

Ова е добро, за како што рече министерот, тоа што конечно компаниите ќе имаат средства да можат да истражат и нови пазари, односно трети пазари каде што можат да го брендираат нивниот извоз.

– Во делот на субвенциите за разни туристички манифестации и форуми оваа година доделивме околу 500.000 денари и тоа за 12 деловни субјекти кои реално ќе можат да организираат туристички манифестации од секаков вид, рече Сарачини и додаде дека помошта од ваков тип што се  доделува е за  здруженија на граѓани, на невладини организации, на општини …кои што аплицирале во Министерството за економија.

Претставникот на „Балкан-Гасови“ Игор Демерџиев истакна дека поддршката од Министерството за економија е од голем интерес за фирмите за добивање и развивање на други пазари надвор од Европа што нив конкретно им се потребни како што се јужно африканските пазари, блискиот исток…

Во однос на извештајот од Светскиот економски форум минисерот напомена дека според одделните индикатори во него се истакнува дека Македонија значително го има подобрено делот на ефикасноста на пазарот и тоа во делот на скратување на процедурите за почнување на бизнис, упростување на административните пречки за почнување на бизнис, кратењето на трошоците за почнување на бизнис, но исто така може да се забележи подобрување и во делот на заштита на инвеститори, распределбата на јавните фондови и транспарентноста на јавните институции при процесот на донесување на поддршка.

– Имаме значителен напредок и во областа на пазарот на труд каде што имаме значително подобрување. И третата работа, имаме значително подобрување во големината на пазарот каде што може да се провери дека има подобрување во делот на извозот мерен како процент од вкупниот БДП. Ова уште еднаш покажува дека Владата на РМ преку сите мерки и активности коишто ги има во насока на поддршка на компаниите во РМ даваат резултати, нагласи Сарачини.

На новинарско прашање за искористеноста на средствата од ЕИБ, министерот рече дека тоа е една успешна мерка на Владата за помагање на домашните компании каде што во услови на криза Владата обезбеди 100 милиони евра кои се наменети за реалниот сектор-бизнис заедницата.

Информира дека искористени се 78 милиони евра до крајот на  август, а за до крајот на годината остануваат уште 22 милиони евра. – Кон крајот на овој месец  очекуваме да биде пуштена следната транша која е веќе одобрена од страна на ЕИБ вредна 6 милиони евра, истакна Сарачини.

Според него, Владата е во интезивни преговори со ЕИБ за добивање нови 100  милиони евра кои ќе бидат повторно на располагање на компаниите во 2014 година.- За оваа мерка на Владата која е веќе три години,  има голем интерес кај компаниите, додаде Сарачини.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница