Сарачини: Подем во сегментот на минерални суровини

Од:

Раст од 6,7 отсто и 8,4 проценти зголемување на бројот вработени, се основните показатели кои го потврдуваат подемот во сегментот минерални суровини.

Како што рече министерот за економија Ваљон Сарачини, кој денеска им ги додели плакетите на најуспешните рудари годинава, рударството моментно ангажира преку 10.000 лица и останува еден од приоритетните сектори.

– Изминатите две години максимално се посветивме на создавање поволна бизнис-клима за развој на рударството, преку дијалог со компаниите направивме суштински измени во Законот за минерални суровини како клучна правна рамка. Само годинава издадовме над сто договори за концесија што е раст од преку 30 отсто. Сите овие податоци јасно укажуваат на успешната приказна во овој сектор кој е од огромно значење за економијата и на локално и на национално ниво, истакна Сарачини.

Тој апелира до инвеститорите, не само да го почитуваат Законот за минерални суровини, туку и да одат чекор понапред за подобрување на условите за работа на рударите.

Според претседателот на Македонската асоцијација на рударство Николајчо Николов, рударството во земјава бележи подем од 2005 година. Засега над 200 регистрирани фирми се занимаваат со оваа дејност, многу од нив се успешно приватизирани и одлично работат. Се подобрува и извозот, особено на рудниците за метали кои стопроцентно се ориентирани кон пазарите надвор.

– За да имаме добри рудари треба да се исполнат три основни услови, обезбедување редовна плата, бесплатен оброк и облека по европски стандарди, напомена Николов.

Рударите се генерално задоволни од актуелните услови за работа, газдите, велат, ја обезбедуваат потребната опрема, но и инспекторите си ја вршат работата. Имаат бенефициран стаж, а работат вкупно 40 часа неделно. Работното време им е осум часа дневно од кои седум и пол ефективни и 30 минути одмор.

Како што истакна Николов, невниманието во работата и непочитувањето на редот и дисциплината се најчестите причини за несреќите во рудниците. Последнава година е регистриран еден смртен случај во секторот.

Плакетите им беа доделени на рударите по повод утрешниот празник Богородица која се смета за нивен заштитник.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката