Самарас: Грчката Влада мора веднаш да потпише договор со кредиторите

Од:

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, Андонис Самарас ја предупреди Владата дека времето истекува и оти договорот со кредиторите треба да биде потпишан во следните неколку дена.

Самарас вчера во Брисел се сретна со претседателот на Европската комисија Жан –Клод Јункер и со други високи претставници на ЕУ.

– Пораката што ја имам за Владата е дека мора конечно да престане да лаже, да престане со користење комуникациски трикови и да склучи договор во следните неколку дена. Нема повеќе време. Пораката е јасна. Договорот мора да се потпише, истакна Самарас по средбите.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија