Самарас бара подршка за мерките за штедење

Од:

Еврогрупата ги заострува предлог-мерките за штедење во Грција. Во новиот пакет  мерки се предвидува  намалување на каматите кои Грција ги плаќа за заемите, а Европската централна банка да добива подолго време од што е предвидено, краткорочни грчки државни облигации и да обезбеди еден преоден заем за земјата.

 Планот предвидува и националните централни банки, кои одамна поседуваат грчки хартии од вредност, да и ги препишат на Атина порано своите заработувачки, пишува „Шпигл“.
Паралелно со тоа, грчките банки, засегнати од кризата, треба да добијат директна помош во капитал од европскиот стабилизациски фонд.
Грчката влада денеска ќе го достави пакетот мерки за штедење и буџетот до Парламентот. За мерките треба да се гласа во среда и да бидат одобрени, со цел земјата да добие финансиска помош од ЕУ и ММФ за да избегне банкрот.

Помалиот коалициски партнер Демократската левица одби да ги поддржи зголемувањата на даноците и намалувањата на трошоците во вредност од 13,5 милијарди евра, затоа што тие се поврзани со мерки кои ќе ги намалат платите и ќе го прекинат нивното автоматско зголемување.
Но, се очекува партијата на Самарас Нова демократија и најголем дел од пратениците на коалицискиот партнер ПАСОК да гласаат за мерките и со тесно мнозинство, сепак, да ги усвојат.
Пратениците потоа на 11 ноември треба да го усвојат буџетот за 2013 година што ќе доведе до добивање на следната транша од заемот во висина од 31,5 милијарди евра и ќе ги замолкне разговорите за излез на Грција од еврозоната, рече Самарас.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он