Саем за вработување во Тетово

Од:

Вкупно 27 компании учествуваа со свои штандови на Саемот за вработување што во организација на претставниците од Агенцијата за вработување се одржа денеска во центарот за култура „Иљо Антевски Смок“ во Тетово.

Според директорот на АВРМ Влатко Поповски, ова е втор саем за вработување во Тетово каде освен што се овозможува директен контакт меѓу работодавачите и оние кои бараат работа се упатува и своевиден апел до младите да изберат образование што ќе им овозможи побрзо и полесно да се вработат.

– Во изминатите дваесеттина години од транзицијата голем дел од младите се образуваа во општествените науки така што сега голем број фирми имаат потреба од кадри во други области што се дефицитарни од повеќе области во производството и услугите, рече Поповски на отворањето на саемот во Тетово.

За заменик директорот на АВРМ Арбен Зибери новата серија на саеми за вработувања што започнала на 18 мај во Скопје има за цел што поголем број невработени да го најдат своето работно место додека од друга страна работодавачите да пронајдат квалитетен кадар за своите потреби.

– Според податоците што ги добивме од самите работодавачи што учествуваа на ваквиот саем во Скопје само во тој ден над стотина лица биле вработени во повеќе фирми, изјави Зибери.

Меѓу компаниите што учествуваа на саемот беа и „Еколог“ и „Ветеринарното друштвои“ во Тетово.

– Ние како Еколог имаме потреба од различни профили и кадри пред се оние со познавање на странски јазици, работа на компјутер, но и разни занаетчии, заварувачи, монтажери на разни уреди и слично. За сите заинтересирани отворени сме по електронски пат да ги достават своите биографии и доколку има потреба ние ќе ги контактираме, посочи Хиса Хасани од Еколог.

Борис Ѓеровски од Ветеринарното друштво од Тетово рече дека преку учеството на овој саем сакаат да укажат пред се на помладите кои решаваат за своето идно образование дека има голем недостаок на доктори по ветеринарна медицина поради што доколку се решат во овој правец полесно се наоѓа работа согласно квалификациите и завршеното образование.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски