САД замрзнаа 640 милиони долари на три руски кредитни организации

Од:

По воведувањето на санкциите САД „замрзнаа 640 милиони долари руски пари“, пишува „Вол Стрит Џорнал“.

Според наводите на весникот, замрзнати се активите на три руски кредитни организации – „Банката на Русија“, „Собинбанк“ и „СМП Банка“.

Првото руско правно лице кое се најде под удар на санкциите по анексијата на Крим во составот на Русија беше „Банката на Русија“.

Американските власти тврдат дека „ги замрзнале“ активите на банката бидејќи припаѓаат на Јуриј Коваљчук, кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Затоа под санкциите се најдоа и „СМП Банка“, на браќата  Аркадија и Борис Ротенберг, кои, според весникот, исто така влегуваат во „блискиот круг“ на рускиот претседател.

На замрзнатите руски сметки во „Собинбанк“ во САД беа 572 милиони долари, што во 2013 година претставуваше, како што пишува весникот, приближно десет отсто од вкупниот имот на кредитните организации.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во петокот изјави дека Европската унија ќе подготви нови санкции против Русија, што многу брзо ќе бидат воведени во случај на прекршување на договорениот прекин на огнот во Украина.

-ЕУ ќе остане единствена за прашањето на санкциите што мора да останат во сила се додека во целост не се спроведе спогодбата од Минск, изјави Хамонд.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва