САД и во 2019 ќе доминираат како прв производител на нафта во светот

Од:

САД и во 2019 ќе доминираат како прв производител на течни јагленоводороди во светот како резултат на револуцијата со црпење нафта од шкрилци, надминувајќи ги Русија и Саудиска Арабија, се вели во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

САД во 2018 година произведија 2,1 милион барели течен јагленоводород (сурова нафта и кондензат) дневно и годинава се очекува растеж од 1,3 милиони барели дневно, се вели во извештајот на (ИЕА).

Црпењето на сурова нафта кај најголемиот производител на течни јагленоводороди повторно ќе биде главен фактор во 2019 година. Додека другите главни произведувачи, Русија и Саудиска Арабија, ги намалуваат доставките на сурова нафта, САД го зацврстуваат своето водство, укажуваат од ИЕА.

-Кон средината на оваа година се очекува САД да ги надминат производствените капацитети како на Русија, така и на Саудиска Арабија, се вели во извештајот.

Се посочува дека растежот на производството на течни јагленоводороди во САД во 2018 бил „неверојатен и неочекуван“ и составил 2,1 милион барели дневно.

-Растежот на црпењето на нафта во Америка во 2019 година може да достигне 1,3 милиони барели дневно, додека во Русија и во Саудиска Арабија тоа ќе се намалува.

Притоа, уделот на САД во глобалниот растеж на побарувачката на сурова нафта во делот од земјите кои не се ОПЕК, ќе состави 81 отсто, се вели во извештајот на ИЕА.

Би можело да ве интересира

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски