Руте од Прага: Се согласивме дека мораме да ја намалиме цената на гасот

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте денеска од Прага, каде што се одржува првиот состанок на Европската политичка заедница, изјави дека „тоа за што денеска се договоривме е дека мораме да ги намалиме цените на гасот во Европа“, и тоа, според него, не е прашање само за 27-те земји членки на ЕУ, туку за сите 44 земји и сите 44 лидери целосно се согласиле и имаат заедничка амбиција да донесат мерки за пониски цени на гасот.

-Сè додека цените на гасот се високи, а инфлацијата во Европа е висока, сите влади гледаат како ќе ги поддржат домаќинствата и компаниите за да можат да се справат со ситуацијата со високите цени на енергетскиот пазар и високата инфлација, рече тој.

На прашањето како ќе го направи тоа, Руте кажа дека за тоа треба да одлучат државите, дека тоа е во национална јурисдикција, дека Холандија спроведува мерки, дека Франција, на пример, со години дава субвенции, а дека и другите земји имаат сопствени системи.

-Тоа е индивидуална работа на државите, но јас зборувам за колективна мерка што би се однесувала на цената на гасот, посочи Руте.

Кога станува збор за разговорите во Прага, тој рече дека е изразена желбата тоа да се случи и дека за тоа ќе се разговара меѓу 27-те земји членки.

-Треба да се реализира не утре, туку во блиска иднина. Веќе направивме многу, разговаравме за прашањата за ограничување на цената, моделот што би се имплементирал, како би работеле на заедничката набавка, ќе разговараме за сите овие прашања, а потоа генералното чувство е дека треба повторно да дојдеме до сите 27 држави и да направиме нешто како 44, истакна холанскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски