„Руската економија е како бодибилдер на стероиди“

Од:

Буџетскиот дефицит на Русија расте, додека приходите од нафта и гас се намалуваат. Официјална Москва има неколку стратегии за справување со овој економски проблем, објави Ројтерс.

Во анализата агенцијата забележува дека рускиот буџетски дефицит помеѓу јануари и април изнесува 40,7 милијарди евра, додека расходите за војската во јануари и февруари скокнале за 282 отсто во однос на претходната година.

Во периодот јануари-април, приходите на Русија од енергетски производи се намалени за 52,3 отсто на годишно ниво.

Русија има неколку опции, но секоја од нив содржи ризици, наведува британската агенција.

Првата опција е намалување на трошоците, но владата во моментов троши пари за да го стимулира економскиот раст.

„Руската економија сега е како бодибилдер на стероиди. Кога ќе се потрошат стероидите, ќе биде многу потешко економијата да расте“, сликовито објаснува шефот за инвестиции во компанијата „Локо-Инвест“, Дмитри Пољевај.

Русија би можела да позајмува и пари од домашниот пазар, а ова решение е поддржано од професорот Олег Шибанов од Вишата економска школа во Москва.

Проблемот е постојаната неизвесност и високиот ризик што ги зголемува каматните стапки при задолжувањето.

Третата опција е да се зголемат даноците, а Шибанов очекува прво да пораснат даноците на имот на богатите Руси, кои ќе бидат претставени како мерки на „социјална правда“.

Официјална Москва може да посегне и во Фондот на националното богатство на Русија, каде резервите се чуваат „за дождливи денови“ од приходите за извори на енергија.

Професорот на Вишата економска школа Евгениј Коган смета дека буџетскиот дефицит на крајот на годината ќе биде на ниво од 3,9 отсто од БДП, а Русија ќе го покрие од Фондот, како и со задолжување на домашниот пазар.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала