Русија по 18 години преговори, стана членка на СТО

Од:

Русија вчера, по долги 18-годишни преговори, стана членка на Светската трговска организација (СТО), која регулира дури 97 проценти од светската трговија.

Настанот сепак не предизвика посебна возбуда на глобалниот пазар, бидејќи ова беше само формално официјализирање на еден процес за кој светското „зелено светло“ ’ е дадено кон крајот на минатата година. Сепак, тоа беше историски чин, со кој и последната од големите економски светски сили пристапи кон СТО.

Заедно со Русија, нови членки на СТО станаа и Океанија-Самоа и Вануату, со што бројот на земји членки на оваа организација е заокружен на 156.

Светските агенции пренесуваат дека вкупниот ефект од влезот на Русија во СТО ќе биде дополнителен развој на нејзината економија во краткорочна перспектива за 3,3 отсто од Бруто домашниот производ, а долгорочно за 11 отсто. Руската економија, вредна 1,9 трилиони долари, е девета по големина во светот.

Сега претстои сложен процес на регулирање на многуте спорови кои во текот на изминатите години настанале меѓу руската држава и нејзините деловни партнери. Главната промена што ќе настане со влезот во СТО е во тоа што увозните царини во Русија ќе се намалат од 10 на просечни 7,8 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација