Русија од 23 август официјало во СТО

Од:

Русија денеска му го предаде на Секретаријатот на Светската трговска организација (СТО) документ за ратификацијата на протоколот за влез во таа организација и за 30 дена, односно на 23 август, земјата правно ќе стане 156-та членка на СТО, изјави денеска главниот трговски преговарач во руското Министерство за економија, Максим Медведков.

Со тоа Русија веќе на 23 август ќе мора да намали серија увозни царини, кои биле зголемени во текот на кризата од 2009 година, вклучувајќи ја царината за увоз на нови автомобили од 30 на 25 отсто, со предвидено постепено натамошно намалување во текот на седум години на 15 отсто. Заради тоа денеска ќе бидат објавени новите тарифи на Царинската унија, кои ќе стапат во сила исто така еден месец по објавувањето, односно на 23 август.

Претседателот на Русија, Владимир Путин во саботата го потпиша федералниот закон „За ратификација на Протоколот за влез на Русија во СТО“, што беше последниот неопходен чекор во низата мерки за усвојување на тој протокол.

Владата на Русија тој документ го одобри на 7 јуни, Државната Дума даде согласност на 10 јули, а Советот на Федерацијата на 18 јули.

Преодниот период за либерализација на пристапот на рускиот пазар е 2 до 3 години, а за најчувствителните производи 5 до 7 години. Меѓу чувствителните сектори, каде домашните произведувачи би можеле да се соочат со финансиски проблеми заради зголемената конкуренција на увозната роба, спаѓаат автомобилската индустрија, земјоделството, производството на земјоделска механизација, лесната индустрија.

Рускиот министер за економија, Андреј Белоусов изјави дека Русија во текот на преговорите за влез во СТО се изборила за правото на субвенционирање на земјоделството да издвојува до девет милијарди долари годишно, што е значително повеќе од реалните потреби на тој сектор. Предвидено е владината поддршка на агроиндустрискиот сектор во 2013 година да биде пет милијарди долари.

Најочигледна корист од влезот во СТО ќе извлечат потрошувачите, чиј животни трошоци ќе бидат намалени поради ублажената царинска бариера. Како резултат на влезот ќе поефтинат не само готовите увозни производи и услуги, туку и домашното производство во кое се користат увозни компоненти.

Кај руските произведувачи придобивка од влезот на Русија во СТО најпрво ќе почувствуваат извозно ориентираните претпријатија, пред се во секторите на металургијата, хемиската индустрија  и енергетиката, благодарение на укинувањето на бариерата за пристап на руската стока до пазарите на членките на таа трговска организација, која како што се проценува, им предизвикаа на руските компании штети поголеми од две милјарди долари.

Членството во СТО налага многу обврски, го оневозможува зголемување на увозни царини без никакви критериуми, но и обезбедува инструмент за заштита на интересите на руските компании на пазарите на трети земји.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот