Русија најави прекин на дотокот на гас за Украина, доколку Киев не ги плати долговите

Од:

Русија во целост ќе прекине со испорака на гас за Украина во рок од два дена доколку Киев не плати за долговите.

Тоа може да предизика и транзитен ризик за Европа, се вели во соопштение на „Газпром“.

Директорот на „Газпром“ Алексеј Милер вели дека Украина не платила за гас испорачан во март и моментно повлекува се што може од платените залихи, со што сериозно ризикува укинување на испорака на гас.

Од претходно уплатениот аванс останале пари само за 219 милиони кубни метри гас.

– Потребни се два дена за да стигне уплатата на „Нафтогас“ на сметка на „Газпром“. Поради тоа испораката на 114 милиони кубни метри гас за Украина ќе предизвика целосен прекин на испораката на руски гас веќе за два дена. Тоа ќе предизвика и сериозен ризик за транзитот за Европа, наведува Милер.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Чешка не му верува на Путин, продолжи да испорачува муниција за Украина

А1он

Го продаде двегодишниот син за 21.500 евра за со парите да „отпочне сопствен бизнис“

А1он

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ