Во текот на јули Русија ја зацврсти својата позиција на најголем производител на нафта во светот со просечно дневно производство од 10,43 милиони барeли, соопшти аналитичката агенција „Блумберг“.
Како што пренесе ИТАР-ТАСС, дневното произвоставо на нафта во Русија минатиот месец било за еден отсто поголемо во однос на јуни 2013.
На второто место зад Русија, е Саудиска Арабија со просечно деневно производство на 9,8 милиони барели нафта.
Во исто време, Русија го зголемила и прозводството на природен гас, кое во јуни било за 3,9 отсто поголемо во однос на истиот период лани.