„Русал“ загуби речиси половина од својата вредноста на берза

Од:

Рускиот алуминиумски гигант „Русал“ денеска загуби речиси половина од својата вредноста на берзата во Хонгконг, каде е котиран по одлуката на САД да го стави во списокот на санкционирани руски компании.

Падот на вредноста на „Русал“, која е под контрола на милијардерот Олег Дерипаска, може да доведе до тоа компанијата да не може да исплати дел од своите доспеани обврзници. Во тек е проценка какво ќе биде влијанието од неможноста за исплата врз финансиската состојба на фирмата. Акциите на руската компанија се намалија за 48 отсто на 2,42 хонконгшки долари.

Загубата на берзанската капитализација изнесува над 3,5 милијарди долари за руската компанија, која претставува околу седум отсто од светското производство на алуминиум.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Захарова: Украина да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите

Москва: Ѓаволот е во деталите

Калас: Усвоен е 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Горан Наумовски

Писториус: Путин не е заинтересиран за мир, поставува свои услови и само сака да купи време