РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

Од:

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според него, зголемувањето би требало да биде минимално, од еден до три проценти.

Би можело да ве интересира

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on