Ристески: Потрошувачката кошничка е донесена, очекувам примената да почне од септември

Од:

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка.

– Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри. Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци, подвлече Ристески.

Би можело да ве интересира

Потрошувачката кошничка е завршена, одлуката сега е кај ЕСС

Горан Наумовски

Ристески: Истражувањето и иновациите се клуч за позелени бизниси

Горан Наумовски

Ристески: Владата од 1 јануари 2026 ќе ја пресметува просечната потрошувачка кошничка

Горан Наумовски

Од 1 јануари почнува примена на Закон за сезонска работа, се очекува намалување на сивата економија

А1он

Намалување на минималната потрошувачка кошница

Катерина Ѓуровски

Владата сепак ќе пресметува потрошувачка кошничка за четиричлено семејство, пресметките на ССМ биле нереални вели Дурмиши