Ревизија во БиХ: Трошеле буџет за подобар имиџ

Од:

Институции на ниво на Босна и Херцеговина во минатата година буџетот поголем од 900 милиони конвертибилни марки (околу 450 милиони евра) во голем дел го потрошиле за купување скапа и „квалитетна“ опрема, возила од повисока класа, најнови мобилни и тоа заради имиџ и престиж, а не за вистински потреби.

Тоа е наведено во ревизорски извештај за буџетски институции во БиХ за минатата година. Ревизорите пронашле т.н. домино ефект и наведуваат дека „тој проблем е предизвикан од недостиг од единствени правила за однесување, и шефовите се раководеле од логиката – однесувај се како сите останати, со оглед дека за такво однесување нема санкции“.

Тие институции повеќе од половината сума потрошиле за бруто плати и надомест за вработените.

За патни трошоци се издвоени 11,87 милиони конвертибилни марки, за ПТТ услуги 9,18 милиони. Ревизорите нагласуваат дека се уште не е воведен подзаконски акт кој на единствен начин би уредил користење на мобилни и фиксни телефони. Употребата на возила вклучително и тешки транспортни средства од МО на БиХ чинела 17,37 милиони марки и тоа без јасни правила за употреба на возила, се вели во извештајот на ревизорите.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он