РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Од:

Фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС нуди до 40% пониски цени од моменталните на пазарот, што е од oсобено значење посебно за малите потрошувачи.

Ресторани, работилници, салони за убавина и други мали бизниси можат да добијат значително поевтина електрична енергија и пониски сметки за нивните деловни објекти доколку се снабдуваат преку РЕС.

Новите цени на пазарот за мали потрошувачи изнесуваат 13,38 денари по KWh без ДДВ, додека понудата на РЕС е пониска и до 40%.

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply)моментално има 1000 клиенти, од кои 650 се мали потрошувачи, и секој од нив добива најефтино, сигурно, стабилно и еколошко снабдување со електрична енергија.

РЕС беше и најголем снабдувач на стопанството на слободниот пазар во 2023 година, како што беше наведено во годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика, а балансната група во 2024 година е значително зголемена.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата