Република Српска врати пратка со македонски сливи, имале пестициди повеќе од дозволеното

Од:

Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Северна Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска.

Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се врши при увозот, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е недозволеното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, и тоа се параметрите на кои се вршат лабораториски анализи, пренесува Српскаинфо.

Од Инспекторатот наведуваат дека во првата половина на оваа година, при увозот, надлежната инспекција зела 607 примероци овошје, зеленчук и житни култури за исхрана на луѓето за потребите на лабораториско испитување.

Кај две пратки биле откриени неправилности, а инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и наредува враќање на пратката до испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор.

Од Инспекторатот забележуваат дека на пратките од кои се земени примероци за анализа им е забранет пласман на пазарот, дистрибуцијата или преработувањето, се додека инспекторот не донесе одлука во согласност со резултатите од лабораториските испитувања на примероците.

Со оглед на оваа постапка, во случаи кога анализата открива неправилност, не постои ризик дека храната се консумирала, бидејќи не била ни достапна за потрошувачите.

Би можело да ве интересира

Република Српска ќе ги казнува до 15 години затвор сите што ќе ја прогласат за геноцидна творба

Жарко Настоски

Кој ќе гo нарече српскиот народ геноциден, ќе оди во затвор – во Бања Лука му подготвија одговор на Инцко

Жарко Настоски

Додик: Од утре ги напуштаме органите на БиХ, одлуката на Инцко за негирањето геноцид е ништовна

Жарко Настоски

Поранешен министер во Република Српска осомничен за голема проневера

Жарко Настоски

Лекар од Бања Лука сексуално злоставувал пациент кој бил во кома по сообраќајна несреќа

Жарко Настоски

Бања Лука: Поранешниот министер за образование доби девет години затвор поради злоставување 14-годишно девојче

Жарко Настоски