Реконструкцијата на пет километри автопат кај Катланово наместо за две, ќе заврши за три години

Од:

Реконструкцијата на делницата Катланово-Петровец која е дел од автопатот „Пријателство“ и од Коридорот 10 е во прекин шест месеци, а туристичката сезона и транзитирањето на меѓународните возила веќе се во полн ек.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта неодамна на форумот во Тирана се пофали дека ЈПДП обезбедило 360 милиони евра за интензивна работа на изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци, но во пракса динамиката на работа на патот кој почна да се реконструира во септември 2020 година,е многу бавна.

– Ние како инвеститори во име на Владата реализираме крупни капитални инвестиции кои ќе бидат влог за идните генерации бидејќи инфраструктурното поврзување меѓу градовите, населените места, селата и регионите значи создавање на услови за поквалитетно поврзување со регионот и обезбедување на развој на економијата, изјави Рустеми во Тирана.

Рехабилитацијата со проширување опфаќа 5,179 киометри од десниот и 4.752 киометри од левиот коловоз. На левиот коловоз требаше да се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента.


Рехабилитацијата на патот е проект на Јавното претпријатие за државни патишта кој го финансира Европската банка за обнова и развој со сума од 7,2 милиони евра. Од претпријатието велат обновата е во застој откако е раскинат договорот со градежната компанија. Во тек е оглас за избор на нова фирма чија задача ќе биде да ги финишира работите.

„Ве известуваме дека во моментов работите се суспендирани од причини што Договорот со Изведувачот за проектот за „Рехабилитација со проширување на автопат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз)“, е раскинат. Објавен е нов тендер за довршување на работите и во моментот се евалуираат понудите“, истакнаа од ЈПДП за а1он.

Инвестицијата во активностите за рехабилитација и проширување на делницата во должина од 10 километри изнесува 7,2 милиони евра. Изведувач на работите беше граджната компанија Бетон, а главен Надзор е ГИМ заедно со Евроконсалтинг и ИРД.

Од ЈПДП не одговорија на прашањето зошто е раскинат договорот со изведувачот Бетон на чија официјална веб-страница се уште стои информација дека го реконструира патниот правец Катланово-Велес и тој проект чини 5,7 милиони евра.

Новиот изведувач којшто ќе се избере за довршување на работите ќе има рок од една година за

да ги заврши работите на делницата. Според овој рок, реконструкцијата на пат од должина од пет километри ќе трае речиси три години.

Дополнителен проблем додека се избере нов изведувач ќе биде заштитата на учесниците во сообраќајот во време на туристичка сезона и зголемена фрекфенција на транзитирање на автопатот „Пријателство затоа што влезот и излезот кај почетните точки на реконструкција се небезбедни, а подлогата е искривена и уништена што ја прави посебно ризична за тешките возила.

Би можело да ве интересира

Повредени се две жени откако „пежо“ излета од автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

A1on

Наместо за 10, автопатот Кичево-Охрид ќе се изгради за 12 години: Собранието го поддржа предлогот за нов рок

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

A1on