РЕК Битола го стави во функција Блок 1

Од:

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола го стави во функција Блок 1 на Термоелектраната. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден. Во моментов, РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3, информираат од компанијата.

Нагласуваат дека ископот на јаглен во рудникот Суводол е стабилизиран, а се зголемува и интензитетот на ископ во рудникот Брод Гнеотино.

-Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК Битола изминатите неколку недели, особено на работниците во рудниците, велат од комбинатот.

АД ЕСМ, посочуваат, го одржува стабилен електроенергетскиот систем на државата. Во моментов компанијата ги задоволува потребите на потрошувачите со производство на електрична енергија од РЕК Битола, од хидроелектраните и од ветерниот парк Богданци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“