Рејтинг агенцијата Мудис ќе плати казна од 3,7 милиони евра

Од:

Берзанскиот регулатор на Европската унија соошти дека и изрекол парична казна на рејтинг агенцијата Мудис од 3,7 милиони евра. Причината е кршење на прописите поврзани со судир на интереси на акционерите.

Сите прекршувања произлегле од небрежност на компанијата, соопшти Европската комисија за хартии од вредност и пазари (ЕСМА), додавајќи дека казната е изречена на пет подружници на Мудис со седиште во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Според ЕСМА, Мудис нема соодветни внатрешни политики и процедури за откривање судир на интереси на акционерите, со што се прекршени правилата на ЕУ во периодот од 2013 до 2017 година.

Како што објаснува ЕСМА, прекршени се правилата во врска со спречување на рејтинг агенциите да го истражуваат рејтингот на компаниите во кои тие поседуваат 10 проценти или повеќе акции или имаат функција во нивните управни одбори.

Портпарол на Мудис изјави дека „ЕСМА откри дека Службата за инвеститори на Мудис (МИС) нема намера да ги крши регулативите на ЕУ и не влијае на квалитетот на кој било рејтинг“.

Мудис, која е една од трите најголеми агенции за кредитен рејтинг заедно со S&P Global и Фич, додаде дека европскиот регулатор ги призна чекорите кои ги презеде агенцијата со цел да спречи слични прекршувања во иднина.

ЕСМА пред пет години ја казни Фич со 5,1 милион евра за слични прекршоци.

Би можело да ве интересира

„Мудис“ очекува ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина

Наум Локоски

Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора

Наум Локоски

„Мудис“ ќе плати близу 864 милиони долари поради својата улога во избувнувањето на светската финансиска криза од 2008 година

Ана Ололовска

Мудис го намали кредитниот рејтинг на грчките државни обврзници

Ана Ололовска

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Русија

Ана Ололовска

„Мудис“ го потврди максималниот рејтинг „Ааа“ на Германија

Ана Ололовска