РЕЦ ја презентираше Политиката за економичност на горивата на РМ

Од:

„Еколошки“ регистар на возила, реформи во даноци за возила, стимулација на граѓаните преку субвенции и етикетирање на економичноста на горивото се препораките што денеска ги презентираше Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) на јавната дебата за Политиката за економичност на горива на РМ што се одржа во просториите на РЕЦ.

-Во Република Македонија транспортот предизвикува загадување и затоа се фокусираме на патничкиот сообраќај, бидејќи тој има удел од 77 отсто во вкупниот транспортен сектор во Македонија и како таков учествува во вкупното загадување и тоа од 16 до 19 отсто суспендирани честички и околу 40 проценти со емисии на азотни оксиди, како и емисии на јаглероден моноксид. Оваа основна состојба на сообраќајот беше прегледана во 2005, 2008 и 2013 година благодарение на дата базата што ја добивме од Министерството за внатрешни работи, рече Емилија Божиновска од РЕЦ.

Во 2010 година, како што нагласи, се увезени многу голем број на половни возила, односно, како што рече, со дозволата за увоз на возила без еуро стандарди биле узвезени околу 80 отсто половни возила, а само 20 проценти нови возила.

-Економичноста на горивото до 2008 година се подобрила до 6,5 литри гориво на 100 километри. Во 2013 година 75 проценти биле дизел возила, посочи Божиновска.

Како што наведе, просечните емисии на CO2 кај возилата со прва регистрација се намалиле во периодот од 2005 до 2008 година од 164 на 152 CO2 g/km. Во 2013 година, просечните емисии на CO2 кај возилата со прва регистрација повторно се зголемиле до почетното ниво во 2005 година од 160 CO2 g/km, најверојатно поради укинување на забраната за увоз на возила што не задоволуваат никакви емисиони стандарди во 2010 година.

Заклучоците од онлајн анкетата што била спроведена на корисници на возила, такси компании и дистрибутери е дека мал број граѓани се запознаени со политиките за оданочување и еколошки такси за возилата, за купување хибридно или електрично возило граѓаните се изјасниле дека можат да издвојат во просек од пет илјади до 13 илјади евра, или минимум 100 евра месечна рата. Според дистрибутерите, граѓаните за нов автомобил во просек трошат 17 и пол илјади евра, додека пак за половни автомобили до 4.900 евра.

Јавната расправа се одржа во рамки на проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“. Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Поевтинуваат дел од горивата