Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: За 100 дена Тевдовски успеа да направи пустош во македонската економија

Од:

„Министерот за задолжување, Тевдовски имаше неуспешен обид да ја изманипулира јавноста на својата денешна прес конференција. За 100 дена Тевдовски успеа да направи пустош во македонската економија.

Тој секојдневно ја движи македонската економија кон еден огромен амбис и банкрот на државата. Тевдовски се фалеше со кратење на непродуктивните трошоци, а скрати милијарда ипол од образованието сектор од каде што тој самиот доаѓа и кој е клучен за иднината на една држава.

Додека министрите на СДС потрошија 410 милиони евра пари на граѓаните за партиски вработувања, морски плодови и други непродуктивни трошоци.

Откако тој ја завзема министерската позиција над 60 странски инветитори се премислија и не инвестираа во Македонија. Откако тој е министер a СДС ја води владата Македонија загуби 25 илјади нови работни места.

Тевдовски вели дека економијата ќе оди напред, прашуваме како кога индустријата паѓа, платите се намалуваат, а задолжувањето се зголемува. Сите макроекономски показатели се негативни. Македонија има пад на индустрискот производство за 2.2 проценти. Просечната плата која ветуваа дека ќе биде 500 евра се намали за 0.7 проценти, а пак извозот се намали 12 посто или 52 милиони евра.

Неспособноста на Тевдовски е очигледна истотака како што е очигледна неспосбноста на целата влада на Заев. По катастрофалните 100 дена на СДС казната од граѓаните следува на 15 октомври на локалните избори во Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за финансии, Тевдовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС